„Ако се погледнат трансакциите од буџетот на Општина Кисела Вода кон адвокатската канцеларија на Коневски, во 2025 година достигнувале суми од над 70 000 денари. Како е можно истите луѓе да бидат дел од системот на општината и истовремено да профитираат од одлуки на општината? Затворен круг на бизнис и политика. Класична шема на ВМРО-ОКГ. Тендерите и бизнисите одат кај своите“, рече Фрчкоски на денешната прес-конференција
Партијата бара итна, независна и темелна истрага, проверка на сите дозволи, надзори и услови за работа на градилиштето, како и утврдување на начинот на кој е издадено одобрението за градба. Дополнително, сметаат дека треба да се утврди точната улога на Орце Ѓорѓиевски и Ивица Коневски во целиот случај
Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) денеска побара итна, независна и темелна истрага за трагичниот настан на градилиште во скопската општина Кисела Вода што се случи минатата недела, во кој загина еден работник, а неколкумина се тешко повредени.
На прес-конференција, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, обвини дека зад случајот стои коруптивен систем на кој профитот му е поважен од човечкиот живот, додавајќи дека институциите сè уште не презеле конкретни чекори за утврдување одговорност.

„Градежната мафија на ВМРО-ОКГ во Скопје е опасна по живот, ама никој ништо не ѝ може. Помина цела недела од трагичниот настан во Кисела Вода, а сè уште нема никаква одговорност, ниту конкретна акција од институциите. Овој молк не е случаен. Молкот е доказ дека криминалната власт и нејзините бизнис-партнери се подготвени да газат преку сè, само да продолжат да се богатат“,
вели тој.
Посочи дека инвеститор на објектот каде што се случи несреќата е фирмата „Нар инвестмент“, зад која стои поранешниот функционер на ВМРО-ДПМНЕ и ексградоначалник на Општина Аеродром, Ивица Коневски.
Коневски, како што додава, бил ангажиран и како адвокат на Општина Кисела Вода во периодот кога бил градоначалник Орце Ѓорѓиевски.
„Како е можно Коневски, кој истовремено ја ужива довербата на Општина Кисела Вода како нивен адвокат, истовремено да биде правен застапник на општината и главен инвеститор во нејзината територија? Ова е класичен пример на конфликт на интереси и институционална корупција која цвета под чадорот на ВМРО-ОКГ“,
кажа Фрчкоски.
Ваквата поврзаност, според него, отвора сериозни сомнежи за конфликт на интереси и институционална корупција.
„Ако се погледнат трансакциите од буџетот на Општина Кисела Вода кон адвокатската канцеларија на Коневски, во 2025 година достигнувале суми од над 70 000 денари. Како е можно истите луѓе да бидат дел од системот на општината и истовремено да профитираат од одлуки на општината? Затворен круг на бизнис и политика. Класична шема на ВМРО-ОКГ. Тендерите и бизнисите одат кај своите“,
рече тој.
Од СДСМ оценуваат дека ваквата криминална спрега претставува опасност за граѓаните и побараа целосно расчистување на случајот.
Партијата бара итна, независна и темелна истрага, проверка на сите дозволи, надзори и услови за работа на градилиштето, како и утврдување на начинот на кој е издадено одобрението за градба. Дополнително, сметаат дека треба да се утврди точната улога на Орце Ѓорѓиевски и Ивица Коневски во целиот случај.
„Одговорност мора да има“,
порача Фрчкоски.
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, пред три дена соопшти дека е инициран вонреден инспекциски надзор во врска со трагичниот настан од минатата недела кога еден градежен работник загина, а тројца беа повредени откако беа затрупани со земја при ископ на темели на градилиште.
