Новото издание на информативно-аналитичкиот магазин „360 степени” се емитува вечерва (23 април 2026 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Во новото издание не емисијата донесуваме:
– ако за секој работник три дена неоправдано отсуство од работа е еднакво на отказ, зошто Арбен Фетаи сè уште е вицепремиер без да доаѓа на работа и да учествува на седници на Владата;
– репортажа од Кривопаланечко: на терен се видливи остатоци од рудникот „Крстов Дол“, каде што некогаш се експлоатирал реткиот минерал антимон; дали, кога и во колкави количини повторно би се вршел ископ, се дилеми што се наметнаа по најавите за реотворање;
– во јули минатата година свечено го отвори премиерот, но и десет месеци по тој настан, базенот во „Невена Георгиева-Дуња“ во Кисела Вода не работи – зошто и до каде се другите базени што ги градеше државата;
– „Румен Радев не е никаков нов Орбан“ – вели новинарката на „Офњуз“ од Бугарија, Ружа Рајчева, по неодамнешните избори; дали Радев сам ќе прави влада, како ќе се постави кон ЕУ и Украина и што ќе се случува на релација Скопје – Софија;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.
