Засега нема информации за состојбата на велосипедистот и за причините за несреќата

Велосипедист е повреден во сообраќајна несреќа што утринава се случи на крстосницата помеѓу булеварите „Партизански одреди“ и „Октомвриска револуција“ во близина на поликлиниката „Букурешт“.
Велосипедистот, кој се движел по пешачки премин, бил удрен од автомобил.
На местото веќе е излезена екипа на Министерството за внатрешни работи (МВР).
Засега нема информации за состојбата на велосипедистот и за причините за несреќата.

