Според прогнозата на УХМР, следува период на стабилно и потопло време со пораст на дневната температура

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови од земјата ќе има услови за слаб локален дожд. Во текот на денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Утринската температура ќе биде од минус два до осум Целзиусови степени, а дневната ќе се движи во интервал од осум до 18 степени.
Во Скопје, времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од четири степени наутро до 18 во текот на денот.
За утре се прогнозира дека ќе има променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата утре ќе достигне 24 степени.
Според прогнозата на УХМР, следува период на стабилно и потопло време со пораст на дневната температура.
