За четири лица е поднесена кривична пријава поради основи на сомнение за сторено кривично дело вонбрачен живот со дете, а за едниот од нив и за кривично дело силување дете кое не наполнило 15 години
Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Делчево поднесе кривични пријави против четири лица поради сомнение за сторени кривични дела поврзани со малолетни лица, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Како што информираат од полицијата, пријави се поднесени против О.Л. (49) од Делчево и Н.Л. (38) поради постоење основи на сомнение за кривично дело вонбрачен живот со дете од Кривичниот законик.
Дополнително, пријава е поднесена и против Н.П. (27) од струмичко село, осомничен за вонбрачен живот со дете, како и за кривично дело силување дете кое не наполнило 15 години од Кривичниот законик. За делото вонбрачен живот со дете пријавен е и О.П. (49) од струмичко село.
Според информациите на полицијата, О.Л. и Н.Л., како родители, дозволиле нивната малолетна ќерка од септември 2023 година да живее во вонбрачна заедница со Н.П., при што таа родила дете.
Исто така, од март 2024 година нивната втора малолетна ќерка живее во вонбрачна заедница со О.П.
Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
