Според најавата на УХМР, до четврток ќе се задржи променливото облачно време со повремен дожд. Процесите наместа ќе бидат поинтензивни во форма на невреме
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува променливо облачно време со врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови на земјата. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 1 до 7 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 6 до 15 степени.
Времето во Скопје ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд и слаб до умерен северен ветер. Температурите ќе се движат од минимални 7 до максимални 15 степени.
Според најавата на УХМР, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, до четврток ќе се задржи променливото облачно време со повремен дожд. Процесите наместа ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, засилен ветер и грмежи особено во западните и во јужните делови на земјата.
