Велејќи дека Иранците немаат друг избор освен да преговараат, бидејќи наводно ги уништиле нивните морнарички и воздухопловни сили, Трамп посочи дека американската војска го искористила примирјето за да ги надополни своите резерви на опрема и е подготвена да продолжи со нападите врз Иран доколку не се постигне договор
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не сака да го продолжи примирјето со Иран, кое истекува на 22 април. Во интервју за американската телевизија Си-ен-би-си, Трамп рече дека Соединетите Држави се во силна преговарачка позиција и дека на крајот ќе постигнат, како што рече, одличен договор.

„Не сакам да го направам тоа. Немаме толку многу време“,
рече Трамп на прашањето за можноста за продолжување на примирјето.
Прекинот на огнот трае до утре, а одржувањето нова рунда преговори помеѓу Соединетите Американски Држави и Иран за ставање крај на војната и понатаму останува неизвесно,
Велејќи дека Иранците немаат друг избор освен да преговараат, бидејќи наводно ги уништиле нивните морнарички и воздухопловни сили, Трамп посочи дека американската војска го искористила примирјето за да ги надополни своите резерви на опрема и е подготвена да продолжи со нападите врз Иран доколку не се постигне договор.
„Подготвени сме. Војската едвај чека да тргне“,
рече Трамп.
