Алтипармакова целиот свој работен век го помина во јавниот сервис, каде што работеше како спикерка, новинарка и уредничка, оставајќи значаен белег во македонското новинарство и медиумскиот простор
Почина Лилјана Алтипармакова, долгогодишна новинарка и уредничка во Македонската радио-телевизија.

Веста ја соопшти нејзиното семејство преку објава на социјалните мрежи.
„Со неизмерна тага ве известуваме дека нашата драга Лилјана Алтипармаркова, долгогодишна новинарка, водителка и уредничка во МРТ, замина во вечноста. Нека ѝ е светол и лесен патот“,
напиша Јане Алтипармаков.
Погребот ќе се одржи утре, во периодот од 11:30 до 12:30 часот, во капелата на Градските гробишта Бутел.
Алтипармакова целиот свој работен век го помина во јавниот сервис, каде работеше како спикерка, новинарка и уредничка, оставајќи значаен белег во македонското новинарство и медиумскиот простор.
Таа ќе остане запаметена како нераскинлив дел од историјата на МРТ, препознатлива по својата врвна дикција, препознатлив глас, исклучителен професионализам и посветеност на новинарските стандарди.
