При претресот на домот на 50-годишниот скопјанец, полицијата пронашла 41 саксија со канабис и опрема за одгледување на растението
Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје вчера лишиле од слобода 50-годишен скопјанец, во чиј дом, при претрес, биле пронајдени четириесетина саксии со канабис и опрема за одгледување на растенијата.

Како што информираа денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР), претресот бил извршен во дом на подрачјето на општина Аеродром, каде по пронаоѓањето на насадите со марихуана полицијата го привела В. В. (50), за кого постојат сомневања дека ја одгледувал дрогата.
„При извршен претрес во неговиот дом, по претходно добиена судска наредба, пронајдени и одземени се 41 саксија со насади од канабис, прашкаста материја, марихуана, капсули, рефлектори, канти за одгледување на растенијата“,
се вели во соопштението од МВР.
Оттаму додаваат дека по документирањето на случајот, против В. В. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
