Како што наведуваат оттаму, интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) во утринскиот извештај за состојбата на патиштата во земјава.

Како што наведуваат оттаму, интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини од македонската страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Од АМСМ препорачуваат приспособена брзина на движењето, почитување на поставената патна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речините делови и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Тоа, велат оттаму, особено се однесува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и на делницата Кочани – Делчево.
Инаку, од утрово земјава се наоѓа под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, поради што времето денеска и утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), наместа ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер од северозападен правец.
