Да му порачам дека доколку знаел што се случува во пријават , има кривична одговорност, доколку не знаел има политичка одговорност, затоа што се заканува , тоа не смее да го прави. Тоа е манир на автократски режим, но не сме изненадени, така е изминатите две години, тоа му е манир на владеење да се заканува, да дели и да креира непријатели внатрешни и надворшни и да подгрева меѓуетнички тензии, да не држи на страна од Европа за да може да крадат. Тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ и затоа сме слепо црево без прогрес и реформа
Чудни амплитуди во чувствата на Мицкоски, постепено се зголемуваат па исчезнуваат, вели лидерот на СДСМ Венко Филипче, по ставот на премиерот дека не сака да коментира во однос на неговата претходна изјава кога од собраниска говорница порача дека „има чувство“ оти високи функционери од претходната влада на СДСМ, како поранешни премиери и нивни блиски од семејствата, ќе бидат опфатени со одредени прогони.
„Слушав и не ми се веруваше што кажува сега премиерот. Човекот којшто отворено се закануваше и од собраниската говорница кажуваше кој како ќе биде гонет, се закануваше со органите на власта, којшто е независна власт, судска власт. Човекот чијшто портпарол на влада и уредниците на Орбановите медиуми знаат што пишува во пријавите и каков ќе биде исходот од одредени судски процеси, наеднаш не чувствува ништо. Чудни амплитуди во чувствата – постепено се зголемуваат и наеднаш исчезнуваат“,
рече Филипче.

Според Филипче, Мицкоски треба да сноси одговорност – кривична или политичка.
„Да му порачам дека доколку знаел што се случува во пријавата , има кривична одговорнсот, доколку не знаел има политичка одговорност затоа што се заканува , тоа не смее да го прави. Тоа е манир на автократски режим но не сме изненадени, така е изминатите две години, тоа му е манир на владеење да се заканува, да дели и да креира непријатели внатрешни и надворшни и да подгрева меѓуетнички тензии, да не држи на страна од Европа за да може да крадат. Тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ и затоа сме слепо црево без прогрес и реформа“,
рече Филипче.
Прашан дали СДСМ ќе бара предвремени избори, Филипче кажа дека тие се подготвени кога и да се одржат идните парламентарни избори. Тој најави враќање на власта во рацете на граѓаните, прекин на поделбите и нула корупција во земјата.
„Спремни сме уште утре да одиме на избори, дали ќе се случат утре, наесен, догодина или ќе бидат редовни, ние ќе се бориме за доброто и за иднината на државата, затоа што ќе победи демократијата над автократијата и ќе победи Европа над Русија“,
кажа Филипче.
Претходно, премиерот Мицкоски рече нема да ја коментира кривичната пријава од опозициската СДСМ и оти остава надлежните органи да одлучат по неа.
„Што се однесува за чувствата, мислам дека премногу чувствителни станавме периодов, сега да се фокусираме на вистинските нешта, а вистинските нешта се бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата и напорна работа за подобра иднина на македонските граѓани“,
порача Мицкоски.
