Во сите случаи златото е запленето, а против осомничените се поднесени кривични пријави
Царинската управа информира дека во изминатите две недели се откриени три обиди за шверцување злато на Меѓународниот аеродром „Скопје“.

Како што изјави директорот на Управата, Бобан Николовски, станува збор за вкупно 285 грама злато со проценета вредност од околу 23 илјади евра.
„Ги следиме случувањата и трендовите во светот и поставуваме соодветни профили на ризици“,
истакна Николовски во гостување на МРТ 1.
Од Царинската управа посочуваат дека претходно е спречен уште еден обид за шверцување злато на граничниот премин „Богородица“.
Во сите случаи златото е запленето, а против осомничените се поднесени кривични пријави.
Директорот на Царина потсети и на претходен случај кога царинските службеници на скопскиот аеродром спречиле шверцување на 1,7 килограми скапоцен златен накит, кој во рамки на судска постапка бил проценет на речиси еден милион евра.
