Наградата се базира на национално истражување за перцепцијата и за искуствата поврзани со работодавачите во земјава
„Алкалоид“ АД Скопје е прогласен за најпосакуван работодавач за 2025 година четврти пат по ред, според анкетата на веб-порталот „Вработување.ком“.

Наградата на компанијата и беше врачена во рамки на манифестација организирана од „Вработување.ком“ и се базира на национално истражување на перцепцијата и за искуствата поврзани со работодавачите во земјата.
Од „Алкалоид“ велат оти континуитетот на ова признание е од особено значење за нив и оти говори за доследноста во начинот на кој ја градат работната култура која е отворена стабилна и ориентирана кон луѓето.
„Во „Алкалоид“ веруваме дека силната организација започнува со здрави вредности, јасни стандарди, високи етички норми и со заемна доверба затоа што успехот на компанијата произлегува од нејзините вработени. Луѓето се суштината на сè што правиме. Нивната експертиза, мотивираноста и одговорноста се темелот врз кој се развива нашата компанија, па затоа грижата за нивниот професионален и личен напредок останува еден од нашите клучни стратешки приоритети“,
велат оттаму.

„Алкалоид“ АД Скопје продолжува да создава можности со јасна визија, да поттикнува иновации и да обезбедува работна средина во која знаењето и талентот се препознаваат и се вреднуваат, а целта на компанијата е и понатаму да остане прв избор за младите луѓе кои ја гледаат својата иднина во одговорна и успешна компанија.
