Шесткилометарската рута низ главниот град, според шефот на македонската дипломатија, била одлична можност во неформална и спортска атмосфера на белгиската делегација да ѝ се приближат препознатливите обележја на Скопје
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски утринава излезе на утринско трчање заедно со шефот на белгиската дипломатија Максим Прево, кој од вчера е во официјална посета на земјава.

„Утрово, заедно со мојот колега и пријател, белгискиот министер за надворешни работи, Максим Прево, започнавме со поинаков почеток на денот – утринско трчање од 6 км низ Скопје“,
објави на Фејсбук министерот за надворешни работи.
Шесткилометарската рута низ главниот град, според Муцунски, била одлична можност во неформална и спортска атмосфера на белгиската делегација да ѝ се приближат препознатливите обележја на Скопје.
