Пријавениот работел како возач на автобус во фирма ангажирана од Министерството за одбрана за организиран меѓугарнизонски превоз, при што на 17 февруари годинава влегол во кругот на касарната во Тетово, каде што направил три видеозаписи
Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово поднесе кривична пријава против А. Ш. (61) од скопското село Студеничани поради сомнение дека сторил кривично дело – неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства.

Според информациите од полицијата, пријавениот работел како возач на автобус во фирма ангажирана од Министерството за одбрана за организиран меѓугарнизонски превоз, при што на 17 февруари годинава влегол во кругот на касарната во Тетово.
„Во кругот на касарната во Тетово направил три видеозаписи, кои подоцна ги споделил преку мобилна апликација“,
се вели во полицискиот извештај.
Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
