Од Агенцијата за храна и ветеринарство информираат дека пратката е вратена превентивно, согласно мерките за заштита од ширење на болеста чума кај мали преживари која е присутна во соседна Албанија
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информира дека на граничниот премин „Ќафасан“ во земјава е спречен влез на пратка од над 10 тони јагнешка кожа по потекло од Албанија.

Од АХВ информираат дека пратката е вратена превентивно, согласно мерките за заштита од ширење на болеста чума кај мали преживари која е присутна во соседна Албанија.
„Со оваа одлука се потврдува клучната улога на АХВ како чувар на јавното здравје, безбедноста на храната и заштитата на домашното производство“,
се наведува во соопштението на Агенцијата.
Пратката е откриена во рамките на засилените контроли на граничните премини.
