„Пронајдени се 750 килограми ананас, над три тона авокадо, 2,5 тони лута пиперка, 600 килограми брокула, 2,3 тони јагоди, 3,3, тони киви и 40 килограми печурки, кои не се пријавени со царинската декларација“, се вели во соопштението од Управата
Царински службеници спречија обид за шверц на 12,5 тони овошје и зеленчук на граничниот премин „Богородица“, информираат денеска од Царинската управа.
Пронајдената стока е во вкупна вредност од 1,4 милиони денари.

Овошјето и зеленчукот се пронајдени при контрола на стока во транзитна постапка, при што е утврдено дека не се пријавени со царинската декларација.
„Пронајдени се 750 килограми ананас, над три тони авокадо, 2,5 тони лута пиперка, 600 килограми брокула, 2,3 тони јагоди, 3,3, тони киви и 40 килограми печурки“,
се вели во соопштението од Царина.
Непријавената стока, како што информираат оттаму, е запленета.
Против осомничениот што се обидел да ја криумчари е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело криумчарење.
