Во одговорот што Иран го достави до Пакистан, властите во Техеран ја нагласуваат потребата од траен крај на војната со почитување на иранските позиции и оценија дека примирјето ќе значи пауза за повторно прегрупирање и извршување злосторства
Иранската државна новинска агенција ИРНА соопшти дека Техеран го отфрлил најновиот предлог за привремен прекин на огнот, инсистирајќи на траен крај на непријателствата.

„Прифаќаме крај на војната само со гаранции дека нема повторно да бидеме нападнати“,
изјави Моџтаба Фердуши Пур, шеф на дипломатската мисија на Иран во Каиро.
Во одговорот на американскиот предлог за примирје, што Иран го достави до Пакистан, властите во Техеран ја нагласуваат потребата од траен крај на војната со почитување ги иранските позиции. Во рамки на одговорот од 10 точки се наведени низа барања на Техеран, вклучувајќи прекин на непријателствата во регионот, воспоставување протокол за безбеден премин низ Ормускиот Tеснец и укинување на санкциите.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Есмаил Бакаеи претходно денеска го објави ставот на Техеран велејќи дека примирјето ќе значи пауза за повторно прегрупирање и извршување злосторства.
Американскиот претседател Доналд Трамп во саботата упати остра порака до Иран во која се закани дека доколку Техеран за 48 часа не склучи договор или не го отвори Ормускиот Теснец, ќе се соочи со пекол од САД.
