Во тек е потрагата и спасувањето на вториот пилот
Американските воени сили спасија еден член на екипажот на американскиот борбен авион Ф-15Е соборен над Иран, потврдија двајца американски функционери за Си-би-ес њуз.
Пилотот е извлечен од американските сили како дел од операцијата за пребарување и спасување што започна веднаш по падот на авионот.

Во тек е потрагата и спасувањето на вториот пилот.
Иранските медиуми објавија видеа на кои се гледа како американски авион Ц-130 и два хеликоптери „блек хок“ ниско летаат над југозападен Иран во потрага по катапултираните пилоти.
Претходно, „Вашингтон пост“, повикувајќи се на американски функционери, објави дека авионот што се урна во јужен Иран е борбен бомбардер Ф-15Е со двајца членови на екипажот.
Информацијата за соборувањето американски борбен авион над Иран првпат ја објави „Аксиос“, повикувајќи се на извори и ирански државни медиуми, а подоцна беше потврдена и за Ројтерс од американски функционер.
За инцидентот, како што соопшти Белата куќа, е информиран и американскиот птретседател Доналд Трамп.
Ова е првиот американски авион соборен од страна на Иран од почетокот на конфликтот.
