Како што информираат од кумановската полиција, таа се заканувала дека ќе објави фотографии на социјална мрежа од наводно несоодветно ракување со храната во локалот, со цел да создаде негативна слика за угостителскиот бизнис
Поднесена е кривична пријава против Б. Т. (40) и М. Д. (43), двајцата од Куманово, поради постоење сомнеж за сторено кривично дело уцена, информираат од Секторот за внатрешни работи (СВР) Куманово.

Според описот на делото, настанот се случил на 7 февруари годинава кога првоосомничената, како поранешна вработена во угостителски објект во Куманово го уценувала сопственикот дека ако не ја врати на работа или не ѝ исплати 5 000 евра, ќе објави фотографии на социјална мрежа од наводно несоодветно ракување со храната во локалот.
„Со фотографиите, таа се заканувала дека ќе прикаже несоодветно ракување со храната во објектот, со цел да создаде негативна слика за угостителскиот бизнис“,
се вели во полициското соопштение.
Во извршувањето на делото ѝ помагал и второпријавениот.
