Врнежливото и ветровито време ќе трае до крајот на неделата, по што следува период на стабилно и потопло време
Времето денеска ќе биде облачно со обилни врнежи од дожд и силен ветер кој наместа ќе достигнува и над 70 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Под влијание на циклонска активност ќе има врнежи што наместа ќе бидат пообилни.
Поради спуштање на ладна воздушна маса, на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе преминуваат во снег.
„Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6 степени, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени“.
велат од УХМР.
И во Скопје ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд и ќе дува засилен ветер од северен правец.
„Минималната ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени“,
пишува во временската прогноза за денешниот ден.
Врнежливото и ветровито време ќе трае до крајот на неделата, по што следува период на стабилно и потопло време.
