Според првичните изјави на осомничениот, татко му починал претходниот ден околу 14:50 часот по пад во тоалетот, но случајот не го пријавил
Во 1:50 часот по полноќ уапсен е 34-годишник од Гостивар поради сомнение дека го убил сопствениот татко, соопштија утринава од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Претходно, во 1:30 часот по полноќ во полициска станица во Гостивар машко лице пријавило дека се сомнева за убиство на член од неговото семејство“,
велат од МВР.
По пријавата, полициски службеници излегле на местото на настанот каде што во куќа го пронашле починатиот К.Д. (63) од Гостивар со видливи повреди и траги од насилство во пределот на главата, по што, поради сомнение дека се работи за убиство го привеле неговиот син М.Д.
Според првичните изјави на осомничениот, татко му починал претходниот ден околу 14:50 часот по пад во тоалетот, но случајот не го пријавил.
Во врска со случајот известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
