Во рамките на економско-политичката посета на Будимпешта, премиерот ќе оствари средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, на која, како што најавија од Владата, ќе разговараат за унапредување на билатералните односи, економската соработка и актуелните регионални и европски прашања
Премиерот Христијан Мицкоски со шестчлена владина делегација од денеска е во посета на Будимпешта, Унгарија.

Во рамки на економско-политичката посета на Будимпешта, Мицкоски ќе оствари средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, на која, како што најавија од Владата, ќе разговараат за унапредување на билатералните односи, економската соработка и актуелните регионални и европски прашања.
Мицкоски ќе има и свое обраќање на бизнис-форумот „Ден на деловна соработка помеѓу Унгарија и Северна Македонија“, каде што, според најавите, ќе се воспостават нови контакти и ќе се разгледаат можностите за продлабочување на економската соработка меѓу унгарските и македонските компании.
Во состав на владината делегација предводена од премиерот Мицкоски се и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Рефик Џемаили, директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димовски, како и директорката на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво, Даниела Димовска,
