За утре се прогнозира променливо облачно време со повремен локален дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец

Променливо облачно време со локални врнежи од дожд е прогнозата за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Врнежите од дожд ќе бидат со послаб интензитет, а ќе има и услови за изолирана појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места во земјата врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините само од снег. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој ќе биде поизразен вдолж Повардарието.
Утринската температура ќе биде од минус еден до седум Целзиусови степени, а дневната ќе се движи од четири до 16 степени.
Во Скопје, времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од два степени наутро до 12 во текот на денот.
За утре се прогнозира променливо облачно време со повремен локален дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. И во Скопје утре ќе има променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и со умерен северен ветер. Дневната температура утре ќе биде од шест до 16 степени.
Во првите денови од следната седмица ќе се задржи променливо облачно време со локални врнежи со послаб интензитет. Пообилни врнежи се очекуваат повторно во текот на ноќта кон среда и во среда.
