Куршумите, како што се наведува во соопштението, биле пронајдени во кутија помеѓу пакувања кафе во вентилацискиот простор на автобусот
Мобилен тим при Одделението за оперативни работи на Царинската управа открила 580 паричиња куршуми при контрола на автобус на гостиварскиот превозник „Дурмо турс“, што била спроведена на граничниот премин „Табановце“, на македонско-српската граница, при влез во државата.

Како што иформираа денеска од Царината, пронајдената муницијата е трајно одземена, а автобусот во кој е откриена е задржан за натамошна постапка.
Според деталите за случајот, куршумите биле откриени вчера кога тимот на царината поради сомневање го запрел автобусот на „Дурмо турс“, кој сообраќал на релација Италија – Македонија, за контрола. Куршумите, како што се наведува во соопштението, биле пронајдени во кутија помеѓу пакувања кафе.
„Мобилните царински инспектори увиделе оштетувања на надворешниот дел од вентилацијата на автобусот, при што во внатрешниот дел од вентилацискиот простор помеѓу 50 пакувања кафе пронашле кутија со вкупно 580 парчиња куршуми од кои најголем дел се со калибар од девет милиметри“,
се вели во соопштението.
Во врска со случајот досега од слобода се лишени две лица, против кои до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Куманово се поднесени кривични пријави, а како што велат од Царината, истрагата е проширена и кон други лица.
