Од полицијата велат дека по целосно документирање на случајот против Б.Л. ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило

Скопјанец што управувал возило со 4,01 промили алкохол во крвта и удрил во две паркирани возила вчера бил приведен од полициски службеници.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) велат дека 46-годишниот Б.Л. вчера околу 15:35 часот на улицата „Бранислав Нушиќ“ во Скопје, управувајќи патничко возило „шевролет авео“ со скопски регистарски ознаки, удрил во паркирани „хонда“ и „опел астра“ со скопски регистарски ознаки.
Полициските службеници извршиле алкотестирање и притоа утврдиле дека Б.Л. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 4,01 промили алкохол во крвта.
По насока на јавен обвинител Б.Л. бил задржан во полициска станица, а возилото му било одземено.
Од полицијата велат дека по целосно документирање на случајот против Б.Л. ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило.
