Нашата цел е младите не само да ја користат технологијата, туку да ја разбираат, да размислуваат критички за неа и да ја користат за решавање проблеми од реалниот живот. Клучен чекор во оваа насока е училишната програма на 21 век, имплементирана во партнерство со меѓународните организации и приватниот сектор. Денес, 341 основно училиште и речиси 1 900 наставници во нашата држава се дел од оваа иницијатива“, рече Мицкоска на работната сесија од самитот
Сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска, учествува на дводневен самит „Fostering the Future Together Global Coalition Samit“ во Вашингтон, организиран од првата дама на Соединетите Американски Држави (САД), Меланија Трамп, информираат попладнево од Владата.

На овој самит учествуваат претставници од 45 држави и над 20 водечки технолошки компании, а неговата цел е да ја зајакне глобалната соработка за подобрување на образованието, технологијата и благосостојбата на децата во услови на дигитална ера.
Во рамките на самитот, Мицкоска имаше свое обраќање на работната сесија на тема „Safety and Protection online“, на која посочи оти во Македонија се верува дека дигиталната писменост во образовниот процес мора да почне порано.
„Нашата цел е младите не само да ја користат технологијата, туку да ја разбираат, да размислуваат критички за неа и да ја користат за решавање проблеми од реалниот живот. Клучен чекор во оваа насока е училишната програма на 21 век, имплементирана во партнерство со меѓународните организации и приватниот сектор. Денес, 341 основно училиште и речиси 1 900 наставници во нашата држава се дел од оваа иницијатива“,
рече Мицкоска.
Според владиното соопштение, целта на оваа работна сесија е да ги собере првите дами од целиот свет и да се разговара за иновативни начини и стратегии, со што ќе се адресираат предизвиците со кои се соочуваат децата и учениците во дигиталната сфера.
Мицкоска прусуствуваше и на „Tech Expo“, каде најпознатите светски компании за напредна технологија презентираа некои од своите производи.
Самитот претставува официјално лансирање на глобална коалиција која има за цел да им помогне на децата низ светот да стекнат вештини потребни за иднината.
