Епицентарот на потресот е регистриран на 14 километри источно од Скопје, на длабочина од шест километри
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала попладнево е почувствуван во Скопје.

Според податоците објавени од Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), земјотресот се случил попладнево во 12:05 часот. Епицентарот на потресот е регистриран на 14 километри источно од Скопје, на длабочина од шест километри.
Од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ соопштија дека земјотресот бил почувствуван во Скопје и околината.
