Ова ќе биде трето сведочење на малолетникот во постапката против неговите родители. Тој инаку не се гони кривично бидејќи во моментот на извршување на масакрот имаше помалку од 14 години, што според српското законодавство значи дека не подлежи на кривична одговорност
Малолетникот Коста Кецмановиќ, кој изврши масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград во мај 2023 година, денеска ќе сведочи пред Специјалниот суд во повторената кривична постапка против неговите родители Миљана и Владимир Кецмановиќ за злосторството што го стори пред три години.

Момчето прво ќе биде испрашувано од судијата, а потоа прашања ќе му поставуваат обвинителите, адвокатите на одбраната, родители,те на жртвите, како и нивните адвокати.
Тој на денешното рочиште беше донесен од психијатриската болница каде што се наоѓа речиси три години.
Ова ќе биде трето сведочење на малолетникот во постапката против неговите родители. Коста Кецмановиќ не се гони кривично бидејќи во моментот на извршување на масакрот имаше помалку од 14 години, што според српското законодавство значи дека не подлежи на кривична одговорност.
Судењето е затворено за јавноста на барање на Вишото јавно обвинителство во Белград.
