Минималните температури ќе се движат од -3 до 5, додека максималните ќе се искачат од 9 до 19 Целзиусови степени
Променливо облачно со подолги сончеви периоди – најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за времето денеска. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер главно од северен правец.

Минималните температури ќе се движат во интервал од -3 до 5 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 9 до 19 степени.
Времето во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Температурите ќе се движат од минимални 3 до максимални 19 степени.
Според најавата на УХМР, од утревечер ќе има услови за нестабилно и постудено време со локални врнежи од дожд, кои ќе се интензивираат во петок. Поради продор на постудена воздушна маса, на планините и некои од повисоките места ќе постојат услови дождот да преминува во снег.
