Ова, според премиерот, е уште чекор кон зајакнување на односите со Сојузна Република Германија, како стратешки партнер на нашата држава
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори од регионот, на која се разговарало за продлабочување на билатералната и регионалната соработка, информира тој на својот фејсбук-профил.

„Во фокусот на разговорот беа економските партнерства, европската интеграција, како и можностите за реализација на заеднички иницијативи во повеќе области од заемен интерес“,
напиша Мицкоски на Фејбук.
Средбата со германските амбасадори од регионот, според премиерот, е уште чекор кон зајакнување на односите со Сојузна Република Германија, како стратешки партнер на нашата држава.
