Според одлуката на компанијата, еуросупер БС-95 ќе се продава за 84,5 денари по литар, литар еуросупер БС-98 ќе чини 86,5 денари, а дизелот ќе чини 93,5 денари по литар
Нафтената компанија „Макпетрол“ соопшти дека на нејзините бензински станици горивата ќе се продаваат по цена пониска од два денари по литар во однос на максималните малопродажни цени што денеска ги утврди Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Согласно одлуката, на бензинските станици на „Макпетрол“, бензинот еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 84,5 денари по литар, литар еуросупер БС-98 ќе чини 86,5 денари, а дизелот ќе се продава за 93,5 денари по литар.
Претходно денеска Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за максималните малопродажни цени на нафтените деривати според која од ноќеска на полноќ литар еуродизел ќе чини 95,5 денари за литар, литар еуросупер БС-95 ќе се продава за 86,5 денари, а еуросупер БС-98 ќе чини 88,5 денари за литар.
