И покрај тоа што опозициските пратеници не најдоа дамка во неговата професионална кариера, од собраниската говорница му порачаа дека нема да биде национален, туку партиски обвинител. Очекувањата, пак, на власта се да расчисти со „последиците од СЈО“, што е во програмата на ВМРО-ДПМНЕ
За Ненад Савески, кој пред неколку дена ја презеде функцијата, ова е прва работна недела како нов државен обвинител. Поранешниот судија раководи со институција, која не се бори само со криминалот, туку и за сопствениот кредибилитет во очите на јавноста. Савески се враќа таму по речиси 10 години, откако работеше како судија, пишува „Призма“.

Избран со 66 гласа „за“, без партиски „хипотеки“, но и без поширока политичка поддршка, ја продолжува традицијата на политичка недоверба, како и неговите претходници: Љупчо Коцевски и Љубомир Јовески, кои беа избрани со 61, односно со 62 гласа.
И покрај тоа што опозициските пратеници не најдоа дамка во неговата професионална кариера, од собраниската говорница му порачаа дека нема да биде национален, туку партиски обвинител. Очекувањата, пак, на власта се да расчисти со „последиците од СЈО“, што е во програмата на ВМРО-ДПМНЕ.
Специјалното обвинителство не постои шест години. Опстои во уште по некој незастарен предмет, меѓу кои и двата „врели костени.“
Тоа е првиот предмет со политички товар за кој ќе треба да одлучува.
Целиот текст прочитајте го тука.
