„Сега кога борбата е воено добиена, со многу мала опасност за нив, тие се жалат на високите цени на нафтата што се принудени да ги плаќаат, но не сакаат да помогнат во отворањето на Ормускиот теснец, едноставен воен маневар што е единствената причина за високите цени на нафтата. Толку лесно за нив да го направат, со толку мал ризик. КУКАВИЦИ, и ние тоа ќе го запаметиме!“, напиша Трамп на Трут соушл (Truth social)
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно вербално го нападна НАТО, осудувајќи ги останатите членки на Алијансата затоа што, како што вели во објавата на неговата социјална платформа, не сакаат да помогнат во деблокада на Ормутскиот теснец, што Иран ефикасно го затвори, вршејќи периодични напади врз танкери за нафта и други бродови.

Пред американско-израелската воена операција врз Иран, околу една петтина од транспортот на сурова нафта по море минуваше низ теснецот, додека актуелната ситуација доведе до огромен пад на извозот, што предизвика цените на нафтата да се искачат над 100 долари за барел.
Трамп во објавата упатува жестоки критики кон сојузниците во НАТО затоа што не се согласиле да испратат воени бродови за да помогнат во патролирањето во теснецот, наведувајќи дека без Соединетите Американски Држави (САД), Алијансата е „тигар од хартија“.
„Без САД, НАТО е тигар од хартија! Тие не сакаа да се приклучат на борбата за запирање на Иран со нуклеарно оружје. Сега кога борбата е воено добиена, со многу мала опасност за нив, тие се жалат на високите цени на нафтата што се принудени да ги плаќаат, но не сакаат да помогнат во отворањето на Ормускиот теснец, едноставен воен маневар што е единствената причина за високите цени на нафтата. Толку лесно за нив да го направат, со толку мал ризик. КУКАВИЦИ, и ние тоа ќе го запаметиме!“,
напиша Трамп на Трут соушл (Truth social).

Американскиот претседател изјави дека некои земји се подготвени да помогнат во придружбата на бродивите низ теснецот, но не наведе конкретно кои се тие.
Водечките европски земји и сојузнички во НАТО уште не почетокот на неделата со резерва реагираа и, условно кажано, ги отфрлија барањата на Трамп за вклучување во напарите за деблокада на Ормускиот теснец.
Предлогот на Трамп беше сојузниците да помогнат во деблокадата со поморски средства, односно со т.н. бродови миноловци – што Европа ги има повеќе од САД.
Германија, Велика Британија, Франција, Италија, Холандија, Јапонија и Канада вчера најавија дека ќе се приклучат на „соодветните напори за обезбедување безбеден премин“ низ теснецот, но во заедничката изјава не дадоа детали како ќе го сторат тоа.
Инаку, американските медиуми денеска објавија дека САД распоредуваат дополнителен број маринци на Блискиот Исток, што според „Гардијан“ е можен сигнал дека се подготвува копнена операција откако пред три недели Соединетите Држави ја почнаа воената операција против Израел, која досега главно се изведува преку воздушни напади врз нафтената и идустриска инфраструктура врз земјата.
Извештаите доаѓаат откако порталот „Аксиос“ објави дека администрацијата Трамп размислува да го заземе стратешкиот остров Харг од Иран за да изврши притисок врз Исламската република повторно да го отвори Ормутскиот теснец.
Весникот „Волстрит џурнал“ објави дека Вашингтон распоредува помеѓу 2 200 и 2 500 маринци од групата за амфибиски операции на бродот „УСС Боксер“ со седиште во Калифорнија и 11. експедициска единица на морнарицата.
Во меѓувреме, Си-Ен-Ен објави дека се очекува илјадници маринци и морнари да бидат распоредени на Блискиот Исток. И двата медиума цитираат анонимни американски претставници.
