Иако Еуростат нема податоци за проценка на животниот век на населението во С Македонија за 2024 година, сепак, ако се земат предвид податоците на Статистичкиот годишник за 2025 година на Државниот завод за статистика, очекуваниот животен век за перидот од 2022 до 2024 година е 76,63 години. Животниот век на жените, како што велат податоците, е 78,86 години, а на мажите е 4,4, години помал и изнесува 74,48 години
Очекуваниот животен век при раѓање во Европската Унија изнесува 81,5 години, покажуваат податоците на Еуростат за 2024 година. Ако се споредат со тие од Државниот завод за статистика, тогаш животниот век во Македонија е безмалку пет години покус и изнесува 76,6 години.

Бројката на очекуваниот животен век варира меѓу земјите членки на Европската Унија, со што највисок очекуван животен век има шпанскиот регион Комунидад де Мадрид, со 85,7 години, додека најмал има во Северозападниот Регион во Бугарија – 73,9 години.
Податоците велат и дека жените во ЕУ живеат 5,2 години подолго од мажите, додека во Македонија таа разлика изнесува 4,4 години.
И овој јаз значително варира меѓу земјите од ЕУ, со што во Латвија се очекува жените да живеат 9,8 години подолго од мажите. Таа разлика е најмала во Холандија или 2,8 години.
Очекуваниот животен век се намали во 2020 година, кога изнесуваше 80,4 години и во 2021 година, кога беше 80,4 години поради пандемијата од ковид-19.
За жените, очекуваниот животен век при раѓање во ЕУ бил 84,1 години во 2024 година, додека за мажите бил 78,9 години.
Иако Еуростат нема податоци за проценка на животниот век на населението во С Македонија за 2024 година, сепак, ако се земат предвид податоците на Статистичкиот годишник за 2025 година на Државниот завод за статистика, очекуваниот животен век за перидот од 2022 до 2024 година е 76,63 години.
Животниот век на жените, според овие податоци, е 78,86 години, а на мажите е 4,4, години помал и изнесува 74,48 години.
Во 2021 година е забележан пад на очекуваниот животниот век во земјава за три години и пет месеци во споредба со 2018 година кога изнесувал 76,7 години.
