Со пад на човековите и медиумските слободи, според опозиционерите, земјава се враќа во времето на нарушена слобода, медиумски мрак, хајки против опозицијата и јавен линч
Во 2021 година Македонија беше прва во регионот и единствената земја со демократски напредок во Западен Балкан, односно со втор најдобар резултат во Европа – велат од опозицискиот СДСМ коментирајќи го најновиот извештај на „Фридом хаус“ за 2025 година, според кој земјава е во категоријата делумно слободна.

„Со ВМРО и Мицкоски на власт, состојбата со човековите и со медиумските слободи се влошува. Единствено полоши се состојбите во Србија, каде што на власт е сестринската партија на ВМРО-СНС. Но, ВМРО се труди да ги стигне. Дополнително, Македонија забележи пад од 6 места и на Индексот за слобода на медиумите за 2025 година на ‘Репортери без граници’. За разлика од минатата година, кога беше на 36. место, оваа година е на 42. позиција“,
велат од СДСМ.
Со пад на човековите и медиумските слободи, според опозиционерите, земјава се враќа во времето на нарушена слобода, медиумски мрак, хајки против опозицијата и јавен линч.
Според извештајот на „Фридом хаус“ за 2025 година, Северна Македонија без постигнат напредок од претходната година, останува делумно слободна земја во друштво на останатите земји од Западен Балкан.
