Новото издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (16 март 2026 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1 го реализираме од местото кое пред точно една година ги зави Кочани, но и цела Македонија, во тишина и тага. Во пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ згаснаа 63 млади животи – приказни, планови и соништа што никогаш нема да се остварат. Една година подоцна, кога болката е сè уште жива, се сеќаваме на нив, а разговараме и за одговорноста, повредените и обидите да се врати надежта во Кочани. Наши соговорници се:
– Александар Наунов, татко на починатата Надица и претседател на Здружението „16 Март“;
– Васко Маглешов, новинар на БИРН, со експертиза во областа на правосудството;
– Владко Грозданов, градоначалник на Кочани и татко на девојка повредена во пожарот;
– Катарина Мирчовска, директорка на Општата болница Кочани.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.
