Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 18 степени
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за слаб локален дожд, a ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Според најавите од УХМР во текот на новата седмица ќе преовладува променливо облачно време – до среда со повремени локални врнежи од дожд.
„Во среда и четврток ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од источен и североисточен правец. Дневната температурата ќе има тенденција на опаѓање“,
велат од УХМР.
