Во гаснењето на пожарот интервенирал армиски хеликоптер
Пожарот кој избувна на планината Јабланица е локализиран, информира Центарот за управување со кризи. Во гаснењето, како што беше соопштено, од утрово интервенирал и армиски хеликоптер.
„Хеликоптерот на Армијата изврши 16 прелети и исфрли 16 ведра вода, дејствувајќи околу три часа. Во гаснењето учествуваа и ТППЕ Струга, како и 12 лица од ЈП „Национални шуми“ – Јабланица, Струга“,
информира ЦУК.

За состојбата со пожарот кој избувна вчера во 12:30 часот во дабова шума на планината Бигла, во близина на манастирот „Св. Димитрија“ , село Смилево, Општина Демир Хисар, од ЦУК информираат дека е локализиран од страна на ПШС „Бигла“ – Демир Хисар.
На терен се ангажирани пет вработени од ПШС „Бигла“ и 2 пожарникари од ТППЕ Демир Хисар.
Од ЦУК соопштија и дека ТППЕ Гевгелија од 11:05 часот интервенира на запалена трска во поле во атарот на село Богородица, Општина Гевгелија. Во интервенцијата се ангажирани двајца пожарникари со едно противпожарно возило.
