Утре ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, а попладне со услови за краткотраен повремен дожд
Времето денеска ќе биде сончево, а попладне со услови за краткотраен повремен дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

„Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2 степени, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени“,
велат синоптичарите.
Во Скопје ќе биде умерено облачно со услови за повремен локален дожд.
„Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 18 степени“,
пишува во времеменската прогноза на УХМР.
Утре ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, а попладне со услови за краткотраен повремен дожд.
До вторник ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во среда ветерот ќе го смени правецот во истoчен, а во четврток во североисточен.
Од вторник дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.
