Мицкоски посочи дека ваквите средби потсетуваат дека различностите се наша сила, а меѓусебната поддршка е патот кон посилна и пообединета заедница
Премиерот Христијан Мицкоски преку фејсбук-објава извести дека вечерва Владата организирала ифтарска вечера, која ја означи како момент на заедништво, почит и духовна поврзаност.

„Вечерва во име на Владата, имавме чест да организираме ифтарска вечера, момент на заедништво, почит и духовна поврзаност. Во духот на овие вредности, вечерта ја поминавме во топла атмосфера, разговарајќи, градејќи пријателства и потврдувајќи дека почитта и соживотот се темел на нашето општество“,
истакна премиерот.

Мицкоски посочи дека ваквите средби потсетуваат дека различностите се наша сила, а меѓусебната поддршка е патот кон посилна и пообединета заедница.
„На сите верници кои го одбележуваат месецот на постот им посакувам мир, здравје и благословени денови“,
објави Мицкоски.
