Меѓу евакуираните има 14 државјани на БиХ, по 13 државјани од Косово и Албанија, осум српски државјани, шест државјани на Црна Гора, тројца од Грција, двајца американски државјани и по еден државјанин од Украина, Германија, Ерменија и Индонезија, како и четири лица со холандски ЕУ-пасош
Од Блискиот Исток досега се реализирани четири евакуациски летови со кои се превезени вкупно 458 патници – информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Од нив, како што соопштија од Министерството, 380 се македонски, а 78 се странски државјани.

Меѓу евакуираните има 14 државјани на Босна и Херцеговина, по 13 државјани од Косово и Албанија, осум српски државјани, шест државјани на Црна Гора, тројца од Грција, двајца американски државјани и по еден државјанин од Украина, Германија, Ерменија и Индонезија, како и четири лица со холандски ЕУ-пасош.
Од МНР информираат дека дипломатско-конзуларните претставништва и дежурниот телефонски број и понатаму остануваат на располагање на македонските граѓани во кризните региони.
