Жената претходно била пријавена за исчезната од страна на своето семејство
Тело на 50-годишна скопјанка вчера околу 11 часот е извадено од водите на реката Вардар.

Жената претходно била пријавена за исчезната од страна на своето семејство.
Откако полициските службеници го извадиле телото на починатата жена од Вардар, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото било дадено на обдукција.
„Подоцна е констатирано дека се работи за 50-годишната А.Х.И. од Скопје, за која во меѓувреме член на нејзиното семејство пријавил дека утрото после 8 часот излегла од дома и не се вратила“,
информираат од МВР и додаваат дека се работи на расчистување на случајот.
