На барање на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, судија на претходна постапка му го одзеде пасошот, му изрече забрана за работа и забрана за приближување
Мерки на претпазливост му се изречени на 52-годишниот професор од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје, кој е осомничен дека принудувал на полови односи 18-годишна ученичка.

На барање на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, судија на претходна постапка му го одзеде пасошот, му изрече забрана за работа и забрана за приближување.
Од скопското обвинителство велат дека во моментов интензивно се работи на прибирање докази за случајот и потврдуваат дека 52-годишниот професор е обезбеден со мерки на претпазливост.
„Лицето е обезбедено со мерки на претпазливост – одземање на патна исправа, забрана за приближување до лица и забрана за преземање определени работни активности (односно забрана за работа)“,
соопштија од ОЈО Скопје.
Професорот беше приведен во понеделникот попладнето, по претходна пријава во МВР дека вознемирувал ученичка и од неа барал да имаат полови односи.
