Според него, со актуелната динамика со која се одвиваат процесите на консолидирање на СДСМ, партијата на нема да биде подготвена да се врати на власт на предвремените избори, кои е убеден дека ќе се случат, но смета дека на наредните избори, што ќе дојдат потоа, Социјалдемократскито сојуз ќе се врати уште поцврст
Пратеникот од редовите на Социјаделмократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) и поранешен вицепремиер за економски прашања, Фатмир Битиќи, смета дека процесот на консолидирање и реструктуирање на партијата не се одвива со потребната брзина за да може да победи на предвремените избори кои очекува да се случат.

Битиќи, својот став го кажа во вечершаното гостување во емисијата „Само интервју“ на телевизијата Канал 5 прашан за состојбите во СДСМ по локалните избори и партискиот конгрес што уследи по нив.
„Јас искрено сметам дека реструктуирањето на СДСМ не се одвива доволно брзо од тоа што би требало, и јас сум еден од тие што кажува дека некои работи требаше малку побрзо да се направат, многу побрзо да се излезе со јасни социјалдемократски политики, иако има разговори за тоа“,
рече тој.
На забелешката на новинарот дека тој и овојпат е изоставен од раководните структури на пратијата, Битиќи рече дека според него, во процесот на реструктуирање и репозиционирање на СДСМ не треба да се зборува за име и презиме и оти тоа сега најмалку важно.
Смета дека на актуелното раководство треба да му се остави простор, но предупредува дека времето се троши.
Наспротив тврдењата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски дека нема да има предвремени избори, Битиќи е уверен дека тие сепак ќе се случат, а еден од знаците што говори во таа насока е тоа што Владата го отвори прашањето за укинување на техничката влада.
„Техничката влада е тело кое секогаш мора да биде таму, сè додека не го искорениме инжинерингот и влијанието врз демократските избори во нашата земја. Брзањето за укинување на техничката влада е знак дека ќе има предвремени избори, бидејќи мислам дека има попаметни работи со кои треба да се занимава Владата од прашањето за техничката влада“,
вели Битиќи.
Според него, со актуелната динамика со која се одвиваат процесите на консолидирање на СДСМ, партијата на нема да биде подготвена да се врати на власт на предвремените избори, кои е убеден дека ќе се случат, но смета дека на наредните избори, што ќе дојдат потоа, Социјалдемократскито сојуз ќе се врати уште поцврст.
Битиќи е убеден дека ќе има предвремени избори поради, како што рече, лошите состојби во државата во секој аспект, а одговарајќи на дополнително прашање, тој појасни дека според него треба да има предвремени избори и оти на нив СДСМ ќе има добар резултат.
„Оваа влада води лоши политики за граѓаните и затоа сметам дека предвремени избори треба да има што побрзо. Не е важно дали СДСМ е подготвен, сметам дека општеството е подготевно да даде одговор на тие што владеат. Јас сметам дека ние ќе имаме значително добар резултат, подобра од тоа што ВМРО го мисли, доколку се впрегнат сили во СДСМ за одредени процеси се почнат и завршат многу брзо“,
изјави пратеникот и ексвицепремиер за економски прашања.
