Државниот секретар во српското МНР, Дамјан Јовиќ, рече дека настрана од хуманитарното прашање, Србија со ова испраќа порака оти сака да има најдобри и најблиски односи со своите соседни земји – Црна Гора, Северна Македонија, Босна и Херцеговина
Авион на „Ер Србија“ ноќеска слета во Белград со 67 патници евакуирани од Израел. Тие во Србија пристигнаа преку градот Шарм ел-Шеик во Египет, од каде што се случи полетувањето.

Покрај државјани на Србија, на евакуацискиот лет имало и државјани на Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора и Хрватска. Евакуацијата по воздушен пат на граѓаните кои поради различни причини се нашле во Израел кога започна американско-израелската воена операција во Иран, беше организиранa од Министерството за надворешни работи и Владата на Србија.
Државниот секретар во МНР на Србија, Дамјан Јовиќ, изјави дека настрана од хуманитарното прашање, Србија со ова сака да испрати порака оти сака најдобри и најблиски односи со своите соседни земји – Црна Гора, Северна Македонија, Босна и Херцеговина.
Според последниот извештај на македонското Министерство за надворешни работи, од почетокот на конфликтот на Блискиот Исток досега, вкупно 473 македонски државјани побарале евакуација.
