Според најавата на УХМР, во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време за овој период од годината, а в четврток, особено попладне и кон крајот на денот, се очекуваат повремени локални врнежи од дожд
Сончево со мала до умерена облачност – најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. По одделни котлини можна е појава на утринска магла. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 0 до 6 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 11 до 20 степени.
Времето во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и утринска магла во делови од котлината. Ќе дува слаб до умерен ветер од север. Температурите ќе се движат од минимални 4 до максимални 19 степени.
Според најавата на УХМР, во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време за овој период од годината. В четврток, особено попладне и кон крајот на денот, се очекуваат повремени локални врнежи од дожд.
