На дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток

Претседателката Гордана Сињановска-Давкова свика седница на Советот за безбедност за утре во 18 часот во Вилата Водно. Седницата доаѓа по извршените консултации на шефицата на државата, јави МИА.
Од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова соопштија дека на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Денеска САД и Израел во заедничка акција го нападнаа Иран, по што следуваа одмазнички напади на Техеран кон Израел и американските бази во регионот.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија попладнево информира дека во рамките на институцијата е формиран кризен штаб кој, како што се наведува, континуирано ја следи состојбата со случувањата на Блискиот Исток.
