СДСМ бара итно повлекување на Ефимија Димовска и соодветна реакција на ДКСК и останатите институции
Развојната банка е под окупација на бизнис интересите на Мицкоски и ВМРО-ОКГ, велат од СДСМ и обвинуваат дека шемите на Мицкоски од хидроцентралите се шират во институциите.
„Ефимија Димовска, сопруга на бизнис-партнерот на Мицкоски во хидроцентралите, е назначена за прв човек на Развојната банка. Нејзиниот сопруг, Димитар Димовски е долгогодишен бизнис-партнер на Христијан Мицкоски во хидроцентралите, преку компанијата „Енерготек“ДОО Скопје. Димовски освен по заедничките бизнис-интереси со хидроцентралите, е познат и по криминални скандали – по предметот ‘Топлик’, каде добил две години условна казна затвор, а бил обвинет и во предметот ‘Шпански скали’. Мицкоски го стави до него, во Владата, како секретар за јавни политики. Сега неговата сопруга Ефимија ја става во Развојна банка, очигледно да ги контролира државните пари“,
велат од СДСМ.
Опозицијата вели дека Ефимија Димовска е сопственичка на една фирма, како и дел од управувачка структура на друг субјект.
„Сега партнерите на Мицкоски добиваат директен линк за своите семејни фирми во Развојната банка. Ова е класичен конфликт на интереси. Ова не е развој на државата, ова е развој на бизнисите на Хидро Мицкоски и неговите партнери“,
велат од СДСМ.
Опозицијата бара итно повлекување на Ефимија Димовска и соодветна реакција на ДКСК и останатите институции.
