Албанскиот претседател Бајрам Бегај, кој од вчера престојува во официјална посета на земјава, денеска беше пречекан и од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денеска остварил средба со претседателот на Албанија Бајрам Бегај, на која, како што инфомрира премиерот на својот фејсбук-профил, разговарале за зајакнување на билатералните односи, унапредување на регионалната соработка и заедничките евроинтеграциски процеси.
На средбата, како што објави Мицкоски, била истакната важноста од одржување на стабилноста и продлабочување на партнерството меѓу двете земји во интерес на граѓаните на двете земји.
Албанскиот претседател Бајрам Бегај, кој од вчера престојува во официјална посета на земјава, денеска беше пречекан и од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
Мицкоски денеска остварил средба со министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска Гордан Грлиќ Радман, на која, како што информира, разговарале за унапредување на билатералната соработка, продлабочување на економските и политичките односи, како и за заедничките европски перспективи и регионалната стабилност.
